2 Samuel 7:23 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И кој е подобен на Твојот народ Израил, единствен народ на земјата, за кој доаѓал Бог да Си го придобие за народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египтјаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кој друг народ на земјата е како Твојот народ — Израел; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Постои ли макар еден народ на земјата како Твојот израелски народ, заради кого Бог отиде да го избави за Свој народ, за да си прославиш така име со големи и страшни чуда, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ, што го откупи од Египет?
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израил; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?