2 Thessalonians 2:4 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
кој што се противи и се превознесува над сѐ, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
кој се противи и се воздига над сè што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на се што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за самиот да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себеси како Бог.