2 Thessalonians 3:6 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој живее неуредно, а не според преданието, што го добија од нас!
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас!
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието, што го примивте од нас.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас!
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ви заповедаме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се оттргнете од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас!