2 Timothy 2:14 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ова напомнувај го и сведочи пред Господа за да не се препираат, оти препирките ништо не помагаат, а дури им штетат на оние, што слушаат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ова напомнувај го, заколнувај ги пред Бога, да не се препираат околу зборови, тоа е неполезно, туку е за пропаст на слушателите.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Потсетувај ги луѓето на овие работи. Сериозно предупредувај ги во Божјото име да не се фаќаат за збор и од тоа да прават расправии. Од такви расправии ништо добро не може да произлезе. Тие можат само да ги уништат оние што ги слушаат.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ова напомнувај им го, заколнувајќи ги пред Господ да не се препираат, зашто од тоа нема никаква полза, туку само штета за оние што слушаат.