Acts 10:24 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
На вториот ден тие влегоа во Ќесарија. А Корнилиј ги чекаше, откако ги беше повикал роднините свои и пријателите блиски.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, по­ви­кувајќи ги своите роднини и блиски пријатели.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
На другиот ден влегоа во Ќесарија, а Корнелиј ги чекаше, откако ги повика своите роднини и блиските пријатели.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, пови­кувајќи ги своите роднини и блиски пријатели.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Следниот ден тие влегоа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, откако ги беше повикал своите роднини и блиски пријатели.