Acts 12:4 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Го фати и го фрли во темница, предавајќи им го на четири стражи - од по четири војника - да го чуваат, со намера да го изведе пред народот по Пасхата.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Кога го фати него, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат, со намера веднаш по Пасха да го изведе пред народот.