Acts 17:5 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но некои од Јудејците, што не поверуваа, завидоа и зедоа некои лоши луѓе, се собраа во групи и го разбунтуваа градот и, откако ја нападнаа Јасоновата куќа, ги бараа за да ги изведат пред народот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите, се насобраа по групи и го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но Јудејците поттикнати од завист, зедоа неколку лоши улични мажи, собраа народ и предизвикаа неред во градот и ја нападнаа Јасоновата куќа, и бараа да ги изведат пред народот.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубници и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите, се насобраа по групи и го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите и, собирајќи толпа, го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.