Acts 18:8 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господа со целиот свој дом; и мнозина коринтјани, слушајќи го Павла, поверуваа и се покрстија.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И Крисп, началник на синагогата, со целиот свој дом, поверува во Господа; и многу Коринтјани, кои го слушаа, поверуваа и се крштаваа.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Управник на синагогата беше Крисп. Тој и сите негови домашни поверуваа во Господ. Поверуваа и многу други жители на Коринт, кои ја слушнаа пораката, а откако поверуваа, потоа и се крстија.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А Крисп, началникот на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи поверуваа и беа крстени.