Acts 19:12 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
така што донесуваа и полагаа крпи и убруси врз болните од неговата испотена снага, и болестите ги напуштаа, злите духови излегуваа од нив.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа допреле неговото тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
така што, кога врз болните ставаа и крпи за пот и прегачи од неговото тело: и болестите ги оставаа и лошите духови излегуваа од нив.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа допреле неговото тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
така што врз болните полагаа крпи и престилки, што го беа допреле неговото тело, и болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив.