Acts 19:13 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Некои, пак, од Јудејците скитници заколнувачи почнаа да го изговараат името на Господа Исуса над оние, кои имаа зли духови, и велеа: »Ве заколнуваме во Исуса, Кого Го проповеда Павле!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исус над оние кои беа обземени со демони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А некои од Јудејците, кои скитаа и ги заколнуваа духовите, почнаа да го повикуваат името на Господа Исуса, велејќи им: „Ве заколнуваме во Исуса, Кого Павле Го проповеда!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со демони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Некои, пак, од Јудејците кои скитаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исус над оние кои беа обземени од зли духови, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“