Acts 20:13 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ние отидовме порано со кораб и отпловивме во Асос, каде што сакавме да го земеме Павла, бидејќи тој намераваше да оди сам пешки, така ни беше порачал.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ние отидовме порано со кораб и отпловивме во Асос, од каде што имавме намера да го земеме Павле, зашто сакаше таму да патува пеш. Така ни беше порачал.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ние тргнавме порано со бродот и отпловивме во Асос, откаде требаше да го земеме Павла, зашто така беше порачал, сакајќи да оди пеш.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Павле реши да патува за Асос по копно. Ние, останатите, тргнавме со брод до Асос и се договоривме таму да го земеме со нас и Павле.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ние отидовме порано со кораб и отпловивме во Асос, од каде што имавме намера да го земеме Павле, зашто сакаше таму да патува пеш. Така ни беше порачал.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ние отидовме порано со кораб и отпловивме во Асос, од каде што требаше да го земеме Павле, како што ни порача, зашто сакаше до таму да отиде пеш.