Acts 21:40 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А кога тоа му се допушти, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски и рече:
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А кога заповедникот го допушти тоа, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи го следново:
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И кога му дозволи, Павле застана на скалите и му мавна со рака на народот. А кога настана голема тишина, проговори на еврејски јазик и рече:
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Полковникот му дозволи и Павле застана на скалите. Им мавна со раката да молкнат. Кога настана длабока тишина, тој им се обрати на нивниот, арамејски јазик:
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А кога заповедникот го допушти тоа, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи го следново:
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А кога заповедникот му дозволи, Павле застана на скалите, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи: