Acts 25:11 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти, ако сум виновен и сум направил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа нема ништо, во што ме обвинуваат тие, тогаш никој не може да ме предаде на нив. Ќесарев суд сакам.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, ако сум виновен и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на царот.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ако сум пак виновен, или ако направив нешто што заслужува смрт; не бегам од смртта. Но, ако нема ништо од она за што овие ме обвинуваат, никој не може да ме предаде на нив, за да им угоди. Се повикувам на ќесарот.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ако сум навистина виновен, ако сум направил нешто што заслужува смртна казна, јас не се противам таа и да се изврши. Но ако обвинувањата против мене се неосновани, никој нема право да ме предаде на овие луѓе да ме убијат! Сакам да се жалам пред императорот!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто, ако сум виновен и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на царот.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто, ако сум згрешил и сум на­правил нешто што заслужува смрт, јас не одбивам да умрам; но, ако нема ништо од тоа за што ме обвинуваат, тогаш никој не може да ме пре­даде на нив. Се повикувам на цезарот.“