Acts 27:12 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И бидејќи пристаништето не беше годно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Финик, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југозападниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Бидејќи пристаништето не беше згодно за зимување, повеќето одлучија да се отплови оттаму, - за да стигнат, ако некако би било возможно, до критското пристаниште Финик, што гледа кон југозапад и северозапад, и да презимуваат таму.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ова пристаниште не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина из­јавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина из­јавија дека сакаат да отпловат оттаму, и ако е можно некако да стигнат до Феникс, критското пристаниште што се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимат.