Acts 27:21 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И како долго време не беа јале, Павле застана среде нив и рече: »Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А после долго нејадење, Павле застана меѓу нив и рече: „Мажи, требаше да ме послушате и да не тргнуваме од Крит, и ќе бевме поштедени од оваа неволја и штета.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И бидејќи долго време гладуваа, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, требаше да ме послушате и ако не заминевме од Крит, ќе ги избегневме овие маки и штети.