Acts 28:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Штом стигнавме во Рим, стотникот ги предаде затворениците на војводата, а на Павла му позволија да живее како што сака, но под стража на еден војник.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Штом стигнавме во Рим, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Штом влеговме во Рим, на Павла му беше дозволено да живее одделно, заедно со војникот, кој го чуваше.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Сега, кога веќе беше во Рим, на Павле му беше дозволено да живее каде што сака, чуван од само еден војник.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Штом влеговме во Рим, стотникот му ги предаде затворениците на военоначалникот, а на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.