Acts 28:23 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И откако му определија ден, големо мнозинство дојде во определеното му живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исуса и од Законот Мојсеев и од Пророците.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ци­­те.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така му определија еден ден и дојдоа при него мнозина од нив, во станот. И од утро до вечер, тој им излагаше за Божјото Царство со докази и ги уверуваше за Исуса и од Мојсеевиот Закон и од Пророците.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од Книгите на пророците.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ците.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И откако му определија ден, големо мноштво дојде во живеалиштето кое му беше определено, и тој од утро до вечер им го изложуваше учењето, сведочејќи за царството Божјо и уверувајќи ги за Исус и преку Мојсеевиот Закон и преку Проро­ците.