Acts 3:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и него пред сите вас.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И затоа што веруваме во Неговото име, - Неговото име го зацврсти овој, кого го гледате и познавате. А верата до која доаѓаме преку Него, му даде целосно здравје пред сите вас.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име. Верата во Исусовото име го оздраве пред вашите очи.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И поради верата во Неговото име, го утврди овој кого вие го гледате и познавате; и верата што доаѓа преку Него му даде нему исцеление пред сите вас.