Acts 4:21 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А тие, откако ги заплашија, ги пуштија, бидејќи не најдоа ништо за да ги мачат, поради народот; оти сите Го прославуваа Бога за она што беше станало.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги заплашија и ги пуштија поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И бидејќи не најдоа пат и начин како да ги казнат, им се заканија уште еднаш и ги пуштија поради народот, зашто сите Го славеа Бога, за она што се случи.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Членовите на Народниот совет им се заканија, но сепак ги ослободија. Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат. А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи:
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги заплашија и ги пуштија поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А тие, откако одново ги заплашија, ги пуштија, бидејќи не најдоа начин за да ги казнат, поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.