Colossians 1:23 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието, што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
ако останете утврдени и непоколебливи во верата, и ако не се отргнете од надежта на благовестието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и на кое јас, Павле, му станав служител.