Colossians 2:23 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тие имаат само вид на мудрост во своеволното благочестие, а во смиреномудроста и во нештедењето на телото тие никако не се грижат, освен за наситување на телото.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Иако на прв поглед се чини мудро да се придржувате до тие правила, бидејќи повикуваат на побожност, понизност и строгост спрема телото, со нив не можат да се победат грешните телесни страсти.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тоа само наликува на мудрост во своеволното богослужење, во лажното смиреномудрие и во нештедењето на телото, но нема никаква вредност и само го задоволува телото.