Colossians 3:16 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши!
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Христовото слово изобилно нека се всели во вас, во секоја мудрост; учејќи се и советувајќи се меѓусебно со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца!