Colossians 3:22 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Вие, робовите, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како да им угодувате на луѓе, туку во простотата на срцето, боејќи се од Бога!
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Вие, слуги, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Робови, слушајте ги во сè своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа!
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во се, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од се срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Вие, слуги, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Вие, слугите, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари, не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во едноставност на срцето, со страв Божји!