Daniel 11:6 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но по неколку години тие ќе се спријателат и ќерката на јужниот цар ќе дојде кај северниот цар за да склучи договор; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го одржи нејзиниот род, туку тие ќе бидат убиени, како таа, така и оние, што ќе ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што ѝ помагале во тоа време.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Неколку години подоцна тие ќе се здружат, а ќерката на царот на Југ ќе дојде кај царот на Север за да склучат договор. Ама таа со тоа нема да ја запази силата на својата мишка, и нејзиното потомство нема да се додржи: ќе бидат предадени таа и нејзината придружба, и нејзиното дете и нејзиниот помогнувач во тие времиња.