Daniel 12:7 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И чув, кога човекот со ленената облека, што се наоѓаше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши истоштувањето на Светиот Народ.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”