Daniel 5:12 — Compare Translations

2 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валта­зар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Бидејќи во тој Даниел - кого царот го нарече Валтазар - се најде вонреден дух, знаење, бистрина, вештина да ги толкува соништата, да ги решава гатанките и да ги разрешува тешкотиите, затоа повикај го Даниела, и тој ќе ти го каже значењето.”