Daniel 5:23 — Compare Translations

2 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Туку се подигна против Небесниот Господ и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостој­ници, твоите жени и конкубини пиевте од нив вино и ги славевте боговите среб­рени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бог, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
ти се издигна против Небесниот Господ, нареди да ти ги донесат посатките од Неговиот Храм и пиевте вино од нив, ти, твоите големци, твоите жени и твоите соложници, фалејќи ги боговите од злато и сребро, од бронза и железо, од дрво и камен кои не гледаат, не слушаат, ниту разбираат, а не Му даде слава на Бога Кој во Својата рака ги држи твојот здив и сите твои патишта.