Deuteronomy 13:6 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твоја, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‚да одиме и да им служиме на други богови‘, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А оној пророк, или оној човек што има сновиденија да биде осуден на смрт, поради тоа што те убедувал да се откажеш од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја и те избави од домот на ропството; зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од вашата средина.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
„Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ако тајно те наговорува братот твој, (син на твојот татко или) син на твојата мајка, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кој е за тебе како душата твоја, па ти рече: „Да одиме и да им служиме на другите богови“, што не ги познаваше ти и твоите предци,