Deuteronomy 26:12 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите на земјата твоја во третата година, втората десетина дај ја на левитот, на придојдениот, на сиромавиот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите во третата година, годината на десетоците, и им дадеш на левитот, на дојденецот, на сиракот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога во третата година - годината на десетоците - го завршиш одделувањето на сите десетоци од своите приходи и им ги дадеш на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата по твоите градови, за да јадат до наситка,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите (на земјата твоја) во третата година, годината на десетоците, и им дадеш на левитот, на дојденецот, на сиракот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат,