Deuteronomy 31:21 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата нивна и од устата на потомството нивно. Јас им ја знам злобата нивна сега, уште пред да ги воведам во добрата земја, за која им се заколнав на татковците нивни.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата на потомството нивно. Јас ги знам мислите нивни, што ги имаат, сега, уште пред да ги воведам во земјата, за која им се заколнав.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога ќе ги најдат многу несреќи и неволји - оваа песна - зашто нивното потомство никогаш нема да ја заборави, ќе даде сведоштво против нив. Зашто Јас ги знам нивните мисли, и што смислуваат веќе денес, пред да ги воведам во земјата, што им ја ветив со Заклетва.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))