Deuteronomy 33:29 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Блажен си ти, Израиле! Кој е како тебе, народ пазен од Господа, Кој ти е штит закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели те молат, а ти ќе ги газиш вратовите нивни.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Блажен си ти, Израеле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит — закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Блажен си ти, Израиле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит – закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“