Deuteronomy 5:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
а седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни оселот твој, ниту некој твој добиток, ниту придојдениот твој, кој е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја и оселот твој, како и ти.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
а седмиот ден е сабота на Господ, твојот Бог: не врши никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни магарето твое, ниту друг твој добиток, ниту дојденецот што е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја, како и ти.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така да може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
а седмиот ден е сабота на Господ, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни магарето твое, ниту друг твој добиток, ниту дојденецот што е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја, како и ти.