Ephesians 1:13 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината – Благовестието за вашето спасение – и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината — Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – благовестието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, бевте запечатени со ветениот Свет Дух,