Esther 2:3 — Compare Translations

2 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
а царот да определи во сите области на царството пратеници што ќе ги соберат сите млади и убави на изглед девојки во престолнината Суза, во женскиот дом под надзор на царскиот евнух Хегај, чувар на жени­те, и да им дадат сѐ што е потребно за дотерување.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Царот нека одреди, во сите покраини на своето царство, повереници, за да му ги соберат сите девици со личен изглед во тврдината на градот Шуша, во женската куќа, под управа на Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Тој ќе се погрижи за нивната нега.