Esther 3:12 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот негов ден, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, до кнезовите на секој народ, — на секоја област со нејзиното писмо, и до секој народ на јазикот негов: сѐ беше напишано од името на царот Ксеркс и потврдено со печатот од царскиот прстен.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во тринаесеттиот ден на првиот месец беа свикани царевите писари, па составија писма за она што наложи Аман и им ги упати на царските намесници, на управителите што стоеја на чело на поодделни покраини, на кнезовите на секој одделен народ, на секоја покраина со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик. Писмата се напишани во царево име и врз нив е удрен царевиот печат.