Esther 4:3 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Исто така и во секоја област и место, каде и да пристигнеше заповедта на царот и повелбата негова, настануваше голема тага кај Јудејците и пост и плачење и викање; вреќиштата и пепелта им служеа како постела на мнозина.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.