Esther 8:5 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
па му рече: „Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милост пред неговото лице, а тоа дело биде справедливо пред лицето на царот, нека се напише да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Аман, син Амадатов, кој беше напишал за погубувањето на Јудејците во сите царски области;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
и рече: „Ако му е волја на царот, ако најдов милост пред неговото лице, ако му е право на царот, та ако сум мила во неговите очи: нека отповика писмено сè што напиша Аман, синот Амедатин, Агагеец, со опака намера да се погубат Евреите кои се наоѓаат во сите покраини на царството.