Esther 8:9 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Веднаш беа повикани царските писари во третиот месец, односно, во месецот сиван, на дваесет и третиот ден, и беше напишано сѐ онака, како што заповеда Мардохеј, до Јудејците и до сатрапите, до обласните намесници, до управниците на областите од Индија до Етиопија — сто дваесет и седум области на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Јудејците со нивните писма и на нивни јазик.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш, во дваесет и третиот ден на третиот месец, односно на месецот сиван, беа повикани царевите писари, и според сè што имаше наредено Мардохеј, им се напиша на Евреите, на намесниците на управителите и на кнезовите на покраините од Индија до Етиопија, а беа сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, па и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.