Esther 9:2 — Compare Translations
2 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Ксеркс, да ставаат рака врз своите непријатели, и никој не можеше да истрае пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Евреите се собраа по своите градови во сите покраини на царот Ахасвер за да удрат на оние, кои ја бараа нивната пропаст. И никој не се осмели да им пружи отпор зашто сите народи ги опфати страв од Јудејците.