Exodus 17:1 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И се крена целото општество на синовите Израилеви, од пустињата Син, по заповедта Господова, и се задржаа во Рафидин; а таму немаше вода да пие народот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И се крена целото општество на синовите израелски, од пустината Син, продолжувајќи го својот пат по заповед на Господ, и се задржаа во Рефидим; а таму немаше вода да пие народот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Целата израелска заедница, по Господова заповед, тргна натаму од пустината Син. Се влогорија кај Рафидим. Таму немаше вода да пие народот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И се крена целото општество на синовите израилски, од пустината Син, продолжувајќи го својот пат по заповед на Господ, и се задржаа во Рефидим; а таму немаше вода да пие народот.