Exodus 22:9 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
За секоја изречена неправда: за јунец, осел, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој рече дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ако некој му даде на чување на ближниот свој магаре, или вол, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или се повреди, или, пак, биде откраднат, а никој тоа не го види,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
За секој прекршок на проневера - без оглед дали се работи за говедо, осле, ситен добиток, облека, или за која и да е изгубена работа за која се тврди: тоа е она! - спорот треба да биде изнесен пред судиите. Оној кого судиите ќе го прогласат за виновен нека му плати на другиот двојно.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
За секој спорен предмет: за вол, магаре, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој тврди дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.