Ezra 3:8 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ќе ги надгледуваат работите при домот Господов.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А во втората година по нивното доаѓање при Божјиот Дом во Ерусалим, во вториот месец откако Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, со другите свои браќа свештеници, со левитите и со сиот народ, што се врати од ропство во Ерусалим, почнаа да градат, ги поставија левитите од дваесет години нагоре да управуваат со работите околу Господовиот Дом.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоцадак, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов.