Ezra 6:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И Јудејските старешини градеа и успеваа според пророштвото на пророкот Агеј И Захарија, синот на Ада. Изградија и завршија според волјата на Бога Израилев и според волјата на Кира, Дарија и Артаксеркса, цареви персиски.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, цареви персиски.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А еврејските старешини продолжија да градат успешно по вдахновение на пророците Агеј и Захариј, синот Адонов. Го завршија градењето по наредбата на Израелевиот Бог и по наредбата на Кир и Дариј и Артаксеркс, персискиот цар.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израилев и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, цареви персиски.