Galatians 3:10 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Оти е напишано: »Проклет да е секој, кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Сите оние што се надеваат дека ќе се спасат преку придржување кон Мојсеевиот Закон живеат под проклетство! Светото Писмо вели: „Проклет да е секој што не исполнува се што е запишано во книгата на Законот.“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој што не го живее и не го исполнува сето она што е напишано во книгата на Законот!“