Genesis 1:30 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сѐ што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.« Така и стана.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана.