Genesis 11:31 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И го зеде Тара синот свој, Аврама, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сара, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата Хананска; и дојдоа до Харан, каде што се и населија.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде што и се населија.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тара ги поведе: својот син Аврам, својот внук Лот, Арановиот син, и својата снаа Сара, сопругата на сина си Аврама, и се запати, со нив, од Халдејскиот Ур кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа до Харан, се населија таму.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на него­виот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде и се населија.