Genesis 19:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, на кои сакаше да им ги даде ќерките свои, и им рече: »Станете, одете си од ова место, зашто Господ сега ќе го сотре свој град!« Но на зетовите негови им се причини оти се шегува.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, кои требаше да се оженат за ќерките негови, и им рече: „Станете, одете си од ова место, зашто Господ ќе го сотре овој град!“ Но на зетовите негови им се причини дека се шегува.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Лот излезе да им го каже тоа на своите идни зетови, што имаа намера да ги земат неговите ќерки, и рече: „Станете! Заминете од ова место, зашто Господ ќе го уништи градот!” Но на неговите зетови им се стори дека тој се шегува.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))