Genesis 3:17 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Па потоа му рече на Адама: »Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Па потоа му рече на Адам: „Би­дејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: — не јади од него — затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Па потоа му рече на Адам: „Бидеј­ќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот;