Genesis 38:11 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш Јуда, по смртта на обата свои синови, ѝ рече на Тамара, снаата своја: »Живеј како вдовица во куќата на таткото твој додека порасне синот мој.« Оти си велеше во себе да не умре и тој како браќата негови. И отиде Тамара, и живееше во куќата на својот татко.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Јуда ѝ рече на својата снаа Тамара: „Живеј како вдовица во куќата на таткото твој додека порасне Шела, синот мој.“ Зашто, си велеше, да не умре и тој како браќата негови. И отиде Тамара, и живееше во куќата на својот татко.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Јуда и рече на својата снаа Тамара: „Остани вдовица во домот на татка си, додека потпорасне мојот син Шела.” Имено, се боеше дека и тој би можел да умре, како неговите браќа. И така Тамара отиде да живее во татковиот дом.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))