Genesis 43:11 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш Израил, таткото нивни, рече: »Ако е така, еве што ќе направите – земете плодови од оваа земја, и ставете ги во вашите вреќи, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, темјан, зачини, мирилива смола, па и ореви и бадеми.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Израел, таткото нивни, рече: „Ако е така, еве што ќе направите — земете плодови од оваа земја, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, миризлива смола, темјан, кикиритки и бадеми.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Нивниот татко Израел им рече: „Штом е така, нека биде; ама направете го ова: ставете во торбите најодбрани производи на оваа земја: малку балсам, малку мед и миродии, мириси и смирна, и лешници и бадеми, и однесете му ги како дар на оној човек.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш Израил, таткото нивни, рече: „Ако е така, еве што ќе направите – земете плодови од оваа земја, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, миризлива смола, темјан, кикиритки и бадеми.